Курсна листа:



Времето:






Чамците на пумпање  ZANDER /ЗАНДЕР/, се бугарски бренд и се произведуваат во Кина под контрола на квалитетот на канадска фирма со гаранција за квалитет и дизајн на светско ниво, кои што не отстапуваат од познатите европски марки. За прв пат ги претставивме чамците во почетокот на 2009 г., а тие се директниот и уште поквалитетен и атрактивен наследник на чамците Aquamarine (Canada), кои што ги претставивме во 2008г. Тестирани и сертифицирани во Норвешка, чамците ги покриваат сите европски наредби за безбедност и имаат сертификат СЕ и категорија на пловна состојба С – движење до 5 морски милји од брегот.

Во краткиот период од појавата на ZANDER, таа исклучително брзо го покори и завладеа бугарскиот пазар и веќе се предлага и во други држави на Балканот – Грција, Македонија и т.н.

Чамците ЗАНДЕР пливаат дури и во Виетнамски води.

Политиката на нашата фирма е увоз директно од фабриката произведувач и потполно задоволување на барањата на клиентот. Обезбедуваме квалитет и ниски цени за нашите клиенти, без да ја натоваруваме вредноста со трошоци за скапи шоу-румови и реклами, кое што исклучително брзо ги направи чамците популарни и претпочитани.

Со гордост можеме да изјавиме, дека во текот на изминатиот период од сите продадени бројки и модели, нема ниту една суштинска рекламација!
Во текот на месец мај 2009 на бугарскиот пазар веќе ги предложивме новите модели чамци на пумпање  ZANDER /ЗАНДЕР/ со нов и поатрактивен дизајн и различни нивоа на опремување. Во месец јуни ги претставивме новите модели РИБ-ви и новите алуминиумски чамци ZANDER, а од средината на август новите хипалонски чамци NINJA by ZANDER.

 

НОВО за 2010! ZANDER ги претстави уште во септември 2009 новите модели чамци на пумпање  2010 од сериите BD 330, BD360, BD380 и BD410, стандардно опремени во секоја клетка и со заштитни вентили за прекумерен притисок – safety valve.
Од почетокот на 2010 некои од моделите се со нов дизајн и со дополнително засилени против триење подови и палуби.

Очекувајте уште повисок квалитет и атрактивен дизајн на исто така ниски цени! 

 

ZANDER inflatable boats

Гаранција:

-   3 години за материјалот – при напукнување, раслојување /излупување на обвивката/ фирмата се обврзува да го сервисира чамецот во рок од 30 работни дена.

-   1 година на изработувањето – при одлепување на шевовите, одлепување на држачите за веслата, дршките или други елементи, фирмата се обврзува да го сервисира чамецот во рок од 30 работни дена.

Гаранцијата не покрива штети настанати поради неправилна експлоатација и чување /исеченици, дупки, триење како последица од влечкање по брегот, изгореници, деформации како последица на надминување на допуштениот притисок и др./.

Гаранциските сервиси се извршуваат во наш ополномоштен сервис – транспортните трошоци се за сметка на купувачот.