Чамците на пумпање ZANDER /ЗАНДЕР/ од серијата BD се со склопувачки алуминиумски под. Тоа ги прави исклучително стабилни, надежни и издржливи на силни удари, многу удобни за риболовци, нуркачи, спасувачки чамци на Граѓанска заштита и др. Чамците ZANDER /ЗАНДЕР/ се изработени од 1000 ДЕНИЕР материјал, покриен од двете страни со заштитен PVC слој. Тоа ги прави чамците издржливи на сончева светлина, солена вода и други агресивни фактори.
Чамците се богато опремени со дршки, јажиња и алки, кои што обезбедуваат лесната работа како во водата така и на брегот.
За чамци со големина 360 см и повеќе, го препорачуваме користењето на приколка за транспортирање. Секој чамец е сертифициран и има таблица на сталакот со неопходните податоци. При увидена разлика меѓу податоците на таблицата и податоците на таблицата подолу, да се смета за исправно напишаното на таблицата на сталакот.