Няколку основни карактеристики на хипалонските материи:
Тестовите покажуваат, дека материјалот
Hypalon (хипалон) издржува околу три пати повеќе од стандардните PVC материјали. Тој квалитет на материјалот гарантира значајно подолг живот на чамецот.
- Механичка издржливост:
Хипалонот е со висока носивост на товар и издржливост при натоварување. Механичката издржливост на таа материја го гарантира користењето на чамците дури и во најжешките денови без грижи, дека шевовите нема да издржат на притисокот и и ќе се испокинат. - Издржливост на прегревање:
При направени тестови на загревање на хипалонскиот материјал до околу 180-190 степени не се увидени промени во структурата и квалитетот. - Издржливост на хемикалии, бензини и масла:
При тестови по потопување во различни хемиски производи, на хипалонскиот материјал не се забележани никакви оштети или промени. - Издржливост на UV-зраци:
Материјалот е издржлив на сончевите зраци.
Малку историја:
Првиот чамец на пумпање од хипалон бил направен во 1975 година, кога бил воведен во производството материјалот во сива боја “Avon” (Хипалон).
Со тој материјал бил завиткан џип “Landrover”, експортиран за Нов Зеланд. По отпакувањето на пратката специјалистите на компанијата ја повториле порачката, но не на џип, а на материјалот....
Во не многу голем период од време порачувале материјал со сива боја од италјанската компанија “NCG”. Еднаш, отворајки го контејнерот со Хипалон, специјалистите откриле, дека место сива боја им бил испратен материјал со сончево портокалова боја.
Кошмар! Да работат ли со него или да го вратат обратно? До тој момент, сите произведени од компанијата чамци на пумпање биле црни или сиви. Но во тој случај, случајната грешка која довела до создавањето на нов чамец – долгиот три метра “Sport Boat” – изгледал толку невообичаено и мистериозно во споредба со сивите чамци, што новозеландците ја нарекле нивната компанија “Arancia” – така на италјански се нарекува зборот портокал и никогаш повеќе не порачале сив материјал.
Новозеландската спасувачка служба ги зела за вооружување 3,8 метарските чамци на пумпање на компанјата “Arancia” уште во 1979 година и така до денес, близу 30 години голем дел од направените 500 чамци се сеуште во служба.